
Потребни состојки:
- 1 ¼ млако млеко
- 2 лажички квасец
- 1 лажица шеќер
- 6 лажици стопен путер
- 1 јајце
- 3 ½ шолја брашно
- 1 лажица сол
- Готова смеса за бисквити со чоколадо
Подготовка:
Измешајте ги млекото, квасецот и шеќерот и оставете ги да отстојат 5 до 10 минути. Додадете ги путерот и јајцето.
Додадете ги и брашното и солта и мешајте додека сите состојки не се соединат.
Оставете го тестото да отстои 15 минути, а потоа пресечете го на осмини.
На секоја осмина во внатрешноста додадете ја смесата за бисквити и направете осум топчиња.
На тостер направете вафли од смесата.
По две вафли, една долу и една горе, а меѓу нив вашиот омилен сладолед.