Слетале на пат за да ги прашаат возачите за правец

popara17 февруари, 20171min00
Слетале на пат за да ги прашаат возачите за правец

Возачите кои во средата претпладне се нашле на патот кој ги поврзува казахстанските градови Актоба и Шимкент морале накратко да запрат бидејќи патот им го попречил воен хеликоптер.

Хелкикоптерот немал дефект, туку пилотот се изгубил благодарение на бурата која го зафатила тој крај.

Како што пренесоа казахстанските медиуми, кои ја преслушале снимката на возачот во камионот и на основа на разговорите дошле до податоци дека пилотот навистина од возачот барал да му го каже правецот.

Треба ли воопшто да се истакнува, снимката за момент стана хит на тамошните социјални мрежи.