Тага во домот на славната двојка Ким Кардашијан и Канје Вест. Имено, роднината на раперот Рики Андерсон остана без 1-годишниот син Авери. Момчето починало во сон, а немало симптоми на болест. Истрауматизираниот татко се прости од синот и преку Инстаграм.
„Денес е најлошиот ден во мојот живот. Го загубив синот, но добив ангел. Почивај во мир, те сакам“, напиша Андерсон на Инстаграм.
На погребот присуствувале и Ким и Канје, а присутните тврдат дека биле многу вознемирени.