Џамал Алимвасе, храбар маж од Рамала, чија страница на Facebook ја следат точно еден милион луѓе, успеал неповреден да се извлече од акцијата на фаќање на избеган питон.
Не е познато, ниту пак на профилот на Facebook, открива со што се занимава Алимвасе, но од видеата кои ги објавува јасно е дека посебна страст му се змиите.
Алимвасе успеал да излезе како победник од борбата со питонот Локо, бидејќи пред крај на „двобојот“ змијата започнала силно да го стега со своите мускули. Инаку целата борба од плакарот ја следел уште еден питон, кој на крајот не успеал да го спаси својот брат, кој завршил во кафез.
Инаку овој храбар маж има исклучително познавање за овие рептили и досега има спасено неколку животи. Во октомври минатата недела, во последен момент успеал во една болница да донесе противотров и да спаси човек кој бил казнат од змија отровница.
https://www.youtube.com/watch?v=7IrylnWBLVo