Со маска од киви, спречете го опаѓањето на косата!

popara19 јануари, 20171min00
2

Зимскиот период е резервиран за овошје кое е богато со витамин Ц, а меѓу него се наоѓа и кивито што може да има повеќенаменска улога.

Освен тоа што може да не заштити од настинка, кивито е богато со витамините А, Ц, К и Е, во себе содржи многу минерали како калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум и цинк, кои можат да ви помогнат потполно да се регенерира косата и да го спречите нејзиното опаѓање. За да направите маска од киви, ви треба: едно киви и две лажички коњак, или вотка.

Излупете го кивито и изгмечете го со вилушка, или во блендер додека не добиете хомогена маса, потоа додадете го коњакот, или вотката и промешајте. Оваа смеса нанесете ја рамномерно по вашата коса и оставете ја да отстои пет минути. Потоа ставете капа за туширање и замотајте ја со пешкир и така оставете ја да отстои уште некои петнаесет минути. Потоа измијте ја со вода и шампон.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag