СО ОВИЕ ТРИКОВИ НЕМА ДА ВЕ ИЗЛАЖАТ: Еве како да препознаете вистински мед!

popara26 април, 20171min00
6

Со помош на овие неколку трикови со леснотија ќе детектирате вистински мед. Не наседнувајте и внимавајте бидејќи се работи за една од најздравите намирници на светот.

1. Читањето на составот на теглата мед е чекор кој помага при избор на квалитетен чист мед кој во себе не содржи адитиви. Произведувачите мора да го назначат составот на медот и неговиот процент.

2. Природниот мед не е леплив, тестирање е можно доколку малку мед протриете низ прстите, вистинскиот мед би требало да се впие во кожата. Доколку масата со триење станува леплива значи дека тој мед содржи шеќер или засладувачи.

3. Неколку лажици мед ставете во сад и потоа загрејте го на висока температура во микробранова печка. Вистинскиот мед ќе се карамелизира, додека лажниот ќе стане пенест и преполн со меурчиња.

4. Неколку капки мед на салфетка исто така може да ја откријат чистотата на медот, имено доколку медот по некое време не ја пробива хартијата значи дека е чист. Во спротивно, оној кој содржи вода во својот состав ќе ја пробие салфетката за само неколку секунди.

5. Ставете малку мед во близина на мравки, доколку е природен мравките ќе го избегнат.

6. Водата измешана со чист мед е најлесен индикатор за составот на медот, имено чистиот мед во вода ќе падне на дното од чашата и ќе се згрутчи, додека лажниот ќе почне да се топи.

7. Боцкање во устата предизвикува чистиот мед, додека лажниот нема такво дејство на непцата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma