Негата на кожата започнува со правилен избор на производите, оние кои ќе ги исполнат сите потреби на вашата кожа. За да можете да изберете најдобро за вашата кожа и да и обезбедите најдобра нега, важно е да знаете каков тип на кожа имате. Типот на кожата можете одредите едноставно и лесно дома, а ние ќе ви откриеме како.
* Исчистете го лицето со гел, измијте се, па исушете го лицето нежно тапкајќи го со пешкир. Почекајте еден час.
* Обрнете внимание на деловите на кожата каде што чувствувате најмногу затегнување..
* Земете неколку парчиња хартија и притиснете ги на различни подрачја на лицето – носот, брадата, центарот на образите, центарот на челото и надворешните рабови на челото.
* Детално прегледајте го секое парче од хартијата, барајќи ги мрсните или трагите од лупење на кожата.
* Интерпретирајте ги резултатите:
– Доколку марсните траги се видливи на секое парче хартија, тоа значи дека имате мрсна кожа.
– Доколку мрсните траги се видливи само на некои парчиња хартија (Т зоната – центарот на челото, носот, брадата и образите), тогаш имате комбиниран, односно мешовит тип на кожа.
– Доколку на парчињата хартија нема мрсни траги, туку траги на лупење, имате сува кожа. Ако парчињата хартија се потполно чисти, а вие имате чувство на затегнување на кожата на лицето – вашата кожа е сува.
– Доколку на парчињата хартија нема никакви траги, не чувствувате затегнување и кожата изгледа нормално – имате нормален тип на кожа.