Кардио вежбите овозможуваат губење на масните наслаги бидејќи со нив се согоруваат голем број на калории. Какви кардио вежби ќе избереме зависи од нашите склоности и желби – од трчање во природа, преку возење велосипед до пливање. Сепак, многумина ќе се определат за вежбање во удобноста и приватноста на својот дом. Се што ви е потребно за вежбање дома е малку простор во кој ќе можете целосно да се испружите.
Она на што треба да обрнете внимание е дека треба да правите динамични промени на вежбите за да го одржите пулсот висок. Така влегувате во таканаречената кардио зона каде се забрзува метаболизмот и доаѓа до забрзано трошење на калории. Ако сте задишани, пулсот ви е висок и се потите – тогаш сигурно сте ја постигнале својата оптимална точка и сте влегле во зоната на топење на салото.
Кардио тренингот кој овозможува губење на околу 400 калории за половина час е даден во видеото подолу: