Кога се спомнуваат намирници што помагаат во одржувањето на убавиот изглед, често се мисли на маслиновото масло, медот и на лимонот. Сепак, постои уште една голема ѕвезда од кујната, која може да ви помогне во секојдневната нега, а тоа е – морската сол.
1. Занесна коса
Ако сакате „бранови како на плажа“, во сад со распрскувач ставете лажица сол и вода до врвот. Кога фризурата е на половина готова, косата напрскајте ја со оваа мешавина – тоа ќе ѝ даде текстура и ќе ви трае со часови.
2. Ослободете се од акните
Штотуку се соочивте со нова акна? Нема проблем! Прстофат сол растопете во малку топла вода, во мешавината натопете памук и ставете го на акната триесетина секунди. Тоа ќе ја намали можноста за воспаление, како и црвенило.
3. Секси-кожа на телото
Не морате да купувате пилинг за да имате мека и негувана кожа. Доволно е лажица морска сол да измешате со четири големи лажици маслиново масло и со таа мешавина истријте го телото.
4. Свеж здив
Половина лажичка сол и половина лажичка соба бикарбона ставете во половина чаша вода, добро измешајте и со таа мешавина измијте ја устата по миење на забите.