Соња Вуксановиќ и нејзиниот прв сопруг Жељко Шашиќ се сретнале минатата недела после десет години во Првиот Основен суд на рочиштето за неплаќање алиментација за нивната ќерка Софија (17).
Стилистката го добила спорот кој бил спроведен по нејзина тужба против пејачот, но и покрај тоа него сега државата го терети за неисполнување на обврските, па оваа средба била неизбежна. Како што пишуваат српските медиуми, бившите сопружници се игнорирале и не се поздравиле.
Ниту во судницата не комуницирале, а рочиштето било одложено, така што тие двајца ќе мора повторно да се сретнат.