Ако сакате да го исчистите вашето тело од токсини и да им помогнете на бубрезите без оптоварувања да си ја вршат нивната работа, испробајте убава, здрава храна, односно диетален оброк во чаша.
Што прават бубрезите ?
Верувале или не секојдневно бубрезите филтрираат околу 200 литри крв, а сето тоа со цел да ги отстранат отровите кои му наштетуваат на нашето тело.
Кога бубрезите стануваат преоптоварен со токсини може да се предизвикаат бубрежни заболувања и заболувања на мочниот меур, а овие токсини ги внесуваме во нашето тело во форма на храна и пијалоци.
Кои се најлошите непријатели на бубрезите ?
– Животински протеини
– Сол
– Генетски модифицираната храна
– Вештачки засладувачи
– Газирани пијалоци
– Млечни производи
– Кофеин – цигари
Оброк во чаша за чистење на бубрезите:
Состојки:
– 1/2 лимон
– 1 излупена кива
– 1/ 4 чаша ореви
– 1 банана
– 1/2 китка магдонос
– 1 чаша вода
Подготовка:
1. Ставете ги состојките во блендер и додадете ја водата.
2. Се добро измешајте и сервирајте во чаша
Совет:
Ако сакате да го збогатите оброкот, додадете половина авокадо и неколку исчистени листови спанаќот или кељ.