Познатата американска докторка Хилда Кларк (1928-2009) советувала чистење на црниот дроб со помош на горчлива сол, односно, магнезиум сулфат кој може да се купи во аптеките. Нејзиниот рецепт вели да помешате четири лажици горчлива сол со три шолјички изворска или флашиеана вода и ставете ги во стаклена тегла.
За да се поправи вкусот може да се додаде 1/8 лажичка витамин Ц во прав. Теглата ставете ја во фрижидер. Првата чаша (1/4 од растворот) испијте го во 18 часот, втората во четвртина во 20 часот. Во 21.45 измерете пола шолјаичка маслиново масло која треба да се дополни со сок од црвен грејп, ставете во тегла со капак и добро изматете додека не се добие бистар сок како вода.
Вака приготвената мешавина треба да се измие во 22 часот. Потоа што побргу легнете во кревет на грб и мирувајте најмалку 20 минути. Наутро во 8 часот испијте ја третата четвртина од дозата со горчлива сол. Повторно легнете и во 10 часот испијте ја последната четвртина горчлива сол. За цело тоа време не треба да јадете ништо. На пладне испијте некој овошен сок, а еден час подоцна изедете нешто лесно до вечерата. Постапката е најдобро да се планира за време на викенд. Да се повтори за две недели.