Сперматозоиди може да помогнат во лекување на рак кај жените

popara23 мај, 20171min00
6

Сперматозоиди во кои се вбризгани лекови за хемотерапија би можело да се користат во борбата против рак на репродуктивните органи кај жените, бидејќи со оваа техника лековите би влегле подлабоко во телото.

Револуционерната терпаија би можело да им помогне на илјадници жени кои се борат со рак на репродуктивниот систем. Сперматозоидите со лекови би ги нападнале клетките на ракот пред да успеат да се рашират.

Проблемот е во тоа што ова би ги уништило и здравите клетки.

Научниците со години бараат начини да ги вбризгаат токсичните антиканцерогени лекови директно во клетките на туморот, а да не го оштетат здравото ткиво.

Еден од методите е користење на бактерии за транспорт што влегуваат во телото, но оваа техника е релативно успешна бидејќи во повеќето случаи имуниот систем ги уништува бактериите уште пред да стигнат до заболеното ткиво.

Со користење на сперма овој проблем би можело да се заобиколи, бидејќи иако е „страно тело“, не го активира имуниот систем на жената.

Методот е откритие на научниците од Институтот за интегрирана нанонаука во Дрезден, Германија.

Моментално се работи на усовршување на техниката за да може да се уништи туморот, а жената да не забремени.

Техниката засега се тестира на сперма на бик, што е слична на човечката сперма, на тумори во лабораториски услови.

Наскоро се планираат тестирања на човечка сперма и ако сѐ помине успешно, оваа терапија би можело да почне да се применува за пет години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma