Кога доаѓа топло време, сакате да соблечете што повеќе облека, но потоа се појавуваат разни испакнатини на кожата. Од акни до алергиски, па сè до ситни црвени мозолчиња по деколтето. За алергиските е одговорно сонцето, а за акните – прекумерното лачење лој и дехидрација на кожата. Во појавата на акните учествуваат неколку фактори, од кои најважни се наследниот фактор, хормоните и бактериите.
Секако, производството на лој се зголемува во пубертетот под влијание на хормоните, што доведува до разредување на липидите на кожата и пореметување во фоликулите на лојните жлезди. Поради сушењето на изводните канали на лојните жлезди, насобраните маснотии не можат да излезат на површина на кожата, па така се собираат во белузлаво-жолтеникава маса наречена митесер.
Потребно е одмастување на кожата во лето
Во лето, поради топлината и влагата, се зголемува лачењето на лојните жлезди, поради што површинскиот слој на кожата се замастува. Уште повеќе се влошува и ситуацијата на грбот и градите, и тоа не само кај жените, во овој случај и мажите не се поштедени.
Поради зголеменото потење кое го попречува лачењето на содржината од лојните жлезди, доаѓа до нивно запушување. Ситуацијата се влошува со притисок и триење од тесна облека, јака, појас или ранец, кои можат да ги иритираат веќе воспалените фоликули на лојните жлезди.
Дел од решението е при миење да избегнувате силно триење и секојдневно да употребувате средства за локална употреба на база на салицилна и гликолна киселина. Се советува и неделна примена на маски кои го апсорбираат вишокот на маснотии и го враќаат мат изгледот на кожата.