Додека Бред Пит го поврзуваа со различни и голем број на жени по разделбата со Џоли, во љубовниот живот на Анџелина немаше некои интересни случувања.
Но, според магазинот In Touch, холивудската актерка успеала да го преброди разводот и да дозволи во животот да ѝ влезе нова личност. Како што пишуваат странските медиуми, нејзиното срце го освоил британски ботагаш, филантроп и бизнисмен која има околу 40. години.
Неговото име сè уште не е откриено, но постојат гласини дека глумицата е подготвена повторно да го каже судбоносното “да”.
Се вели дека тие биле во врска од почетокот на 2017 година, а до сега не сме имале можност да ги погледнеме заедно, бидејќи причината за криењето на врската бил токму Бред Пит.