За Бермудскиот триаголник знаат речиси сите. За исчезнувањата на бродови и авиони на ова место се шират разни шпекулации. Некои споменуваат магнетизам, некои гасови, Атлантида, вонземјани, а ние на едно место ви ги обелоденуваме некои од најчестите мистерии кои го окружуваат Бермудскиот триаголник.
Многу неверојатни приказни се врзуваат за Бермудскиот триаголник.
Бермудскиот триаголник, е назив за морскиот триаголник меѓу Бермуда, Флорида и Порторико во Атланскиот океан, со површина од околу 1.140 квадратни километри.
Иако тоа е туристички рај, со прекрасни песочни плажи и палми, постојат многу интересни теории за ова подрачје. Некои се релативно прифатливи, а други смешни.
Подрачјето Бермудски триаголник е познато како простор каде без никакво објаснување исчезнале бродови и авиони, а првите записи за исчезнувањата на тоа подрачје стигнуваат од 15. век.
Ова видео во три минути прикажува десет интересни факти за ова подрачје и неговите никогаш неоткриени тајни: