
Многумина имаат проблем со уживањето и среќните мигови бидејќи стравуваат дека нешто лошо може да се случи ако се опуштат, а некои, дури, мислат дека се себични ако се среќни.
Претераната грижа, размислување за смислата на животот и среќата е чест проблем на модерното, брзо време, а многумина тврдат дека неможат да уживаат во моментите на среќа зошто на тој начин ја „предизвикуваат судбината”, тврдат психолози од новозеландскиот Универзитет Victoria.
Тие откриле дека луѓето, иако тежнеат кон среќа и исполнетост, сепак стравуваат дека уживањето во животот би можело да има негативни последици.
– Во некои култури, посебно азиските, поимот среќа во животот не го доживуваат како приоритет, додека во западните култури среќата е најголем идеал. И покрај тоа, луѓето често неможат да уживаат во убавите периоди од животот бидејќи се плашат дека ако се опуштат може нешто лошо да се случи и нема да бидат подготвени за тоа – објаснува водачот на истражувањето др. Mohsen Joshanloo.
Освен тоа, луѓето сметаат дека е непристојно, дури и неприкладно, да им покажуваме на другите дека сме среќни бидејќи ќе испаднеме дека сме себични, површни и досадни. Каков став има поеднецот кон среќата најмногу зависи од културата во која пораснал како и од вредностите кои ги земале од семејството.
– Верувањето дека големата среќа дополнитело предизвикува уште поголема несреќа е чисто празноверие, особено кај оние кои се наклонети да имаат грижа на совест или кај луѓе мислат дека не заслужуваат среќа – дадал соработникот на истражувањето др.Dan Weijers.