Кога принцот Хари (33) и глумицата Меган Маркл (36) објавиа дека се вериле, кралицата Елизабета (91) , меѓу првите им честиташе и изјави дека е многу задоволна. Но, и покрај нејзиното задоволство, кралицата можеби нема да дојде на свадбата на својот внук.
Оваа информација не е официјално потврдена, но причината заради која бабата на Хари не би присуствувала на свадбата е тоа што Меган претходно била мажена и разведена.
Кралицата му даде благослов на парот, изјавувајќи дека е воодушевена од добрите вести, но нејзината позиција ја спречува да присуствува на церемонијата.
Како британски монарх, таа е главна на Црквата на Англија, која проповеда дека бракот е вечен.
Разводот не е прифатен од црквата и иако ова изгледа како старомодна традиција која треба да се надмине, сепак на кралицата ова нема да ѝ биде првпат да не присуствува на семејна свадба од истата причина.
Уште во 2005-та година, кралицата Елизабета ја пропушти свадбата на нејзиниот син, принцот Чарлс со Камила. Двајцата претходно биле венчани со други и кралицата присуствувала само на приемот по церемонијата.
Според тоа, штом таа не направила исклучок за нејзиниот син, се очекува дека нема да го направи ниту за свадбата на нејзиниот внук, но останува да видиме која ќе биде одлуката на кралицата Елизабета.