Taa загинала на истото место како и Тоше Проески: Последните зборови на младата глумица го расплакаа цел Балкан

popara25 октомври, 20171min00
10

Глумицата Долорес Ламбаша загинала во сообраќајна несреќа пред три години. Таа кобна вечер Долорес се враќала од Белград за Загреб. Нејзиниот првобитен план бил да преспие во хотел во Илок, меѓутоа во последен момент одлучила да патува ноќе. После забавата со пријателите, Долорес и нејзниот сопатник тргнале кон Загреб. На 23 октомври 2013, во 06:45 часот утрото, автомобилот кој го управувал нејзиниот сопатник, се судрил со друго возило, пишува “Pulsonline”. Oд силата на ударот двете возила излетале од патот, а младата глумица, иако била врзана излетала низ прозор.

Dolores Lambaša
Глумицата во тешка состојба била префрлена во болница, каде веднаш била оперирана. Само неколку часа после операцијата починала. Долорес доживеала нереќа кај Славонски брод, на истата делница од патот, каде 6 години порано, загина и Тоше Проески. Во последното, необјавено интервју, кое Долорес го дала за хрватските медиуми изјавила дека единствената желба и е да биде здрава и жива. “За 30 години би сакала да бидам здрава и жива. Би сакала и понатаму да се занимавам со глума, да пловам и да ловам риба. Не ми треба мене многу. Мене можат да ме повредат само разочарувања. Знам колку сум подготвена да направам за луѓето кои успеваат да влезат во моето срце, таа љубов е безусловна. Но, кога го очекувам истото од тие луѓе, речиси секогаш се разочарувам. Во животот најдобро е да се очекуваат некои работи сами од себе и сам себе си да се докажуваш”, рекла тогаш Долорес.
Dolores Lambaša
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag