Родена е во 1988 година, а нејзината мајка тогаш имала 18 години. Британската мега ѕвезда Адел, останала без својот татко кога имала само 2 месеци. Како тинејџерка, Адел сменила околу десетина училишта, преселувајќи се од едно во друго место во Велика Британија.
Интересно е тоа што никогаш не сакала да биде позната. Единствена желба и било да им помага на пријателите, за нивните песни да бидат поквалитетни. Но, еден од нив објавил нејзини дела на MySpace па така Адел го привлекла вниманието на XL Recordings и подоцна потпишала договор со оваа издавачка куќа. Уште од својот прв албум „19“ таа добила многу пофалби и позитивни критики.
Албумот се искачил на прво место и има добиено три пати платинумска сертификација во Обединетото Кралство. Во 2009, Адел освоила две Греми Награди, за Најдобар Нов Артист и Најдобра Женска Поп Вокална Изведба.
Адел го издала својот втор албум „21“ на 24 јануари 2011 во Обединетото Кралство и на 22 февруари во САД „21“ имал голем комерцијален успех, продавајќи 208,000 копии во првата недела во Обединетото Кралство и искачувајќи се на Табелата за Албуми во Обединетото Кралство. Албумот исто така се искачил на прво место на Билборд 200 во САД, продавајќи 352,000 копии во првата недела. 21 исто така се искачил на прво место и во 17 други европски држави.