Есента ни носи нови трндови, па така јаките и светли бои на кармин ќе се заменат со длабоки нијанси на црвена, виолетова и кафена.
Доколку сакате да бидете гламурозна дама, тогаш најлесниот начин да го постигнете тоа е изборот на темен кармин. Во предвид може да дојдат боја на вишна, вино, чоколада, слива…
Темно црвената боја на карим е боја која одговара речиси на секој, па доколку се одлучите за оваа боја нема да погрешите.