Тијана Ајфон, како што тврди од својот дечко доби автомобил кој вреди неверојатни 380.000 евра, со дополнителна опрема. Во прашање е марка „мекларен MP4 12c“. Тијана не можеше да верува дека добила таков подарок.
„Тијана со денови мислела дека се шегува со неа и дека е невозможно да и дал така скап подарок, но тој ја убедил дека за неа би ги потрошил сите пари од овој свет, ако тоа ја прави среќна“, изјави извор упатен во ситуацијата.
Тијана потврди дека го добила овој автомобил.
„Тој не сака јавно да се експонира, така да го почитувам тоа и не зборувам за него, но вистина, тој ми го подари овој неверојатен автомобил. Јас сеуште не можам да верувам“, заклучи таа.