Тина Тарнер ја прекина пензијата! Рок кралицата подготвува филм

popara30 октомври, 20171min00
5

Еден интересен проект, после долго време ја натера Тина Тарнер повторно да се појави на сцена.

Имено, Филида Лојд, во повеќе наврати наградуваната режисерка на мјузиклот Mamma Mia, пред извесен период започнала да работи на еден многу сериоен проект.

Таа е на пат да содаде историја преку нов мјузилк, а овој пат станува збор за легендарната Тина Тарнер.

Лојд тврди дека светската музичка дива ќе се претстави токму како што се вели во нејзината песна – Simply the best.

Ова не е прв филм за Тина Тарнер.

Нејзиниот живот прв пат беше прикажан во 1993 година во биографскиот филм What’s life got to do with it.

Пејачката ја глумеше Анџела Басет, а во мјузиклот оваа улога ќе и припадне на Адријан Ворен.

Премиерата на новиот филм за животот на музичката кралица би требало да биде следната година во Лондон.

Поради ова Тина ќе се врати од пензија, во која замина во 2010 година и се пресели да живее во Швајцарија.

„Не го сакав тоа, но добив толку писма од обожавателите што едноставно морав да се вратам, барем на кратко“, изјави славната музичка дива.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag