
Состојки
300 гр пишкоти или било какво суво колаче
500 гр маскарпоне
3 јајца
4 супени лажици шеќер
200 мл слатка павлака
500 мл вода
5 кафени лажички нескафе
2 ванилин шеќер
малку рум
малку несквик или какао (за украсување)
неколку ливчиња свежо нане (за украсување)
Подготовка
Жолчките убаво изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го нескафето растворено во водата и маскарпонето, измешајте, а потоа додадете ја и изматената слатка павлака и повторно измешајте.
Белките изматете ги посебно, а потоа внимателно, со бавни и нежни движења измешајте го шлагот со претходно направената смеса.
Пишкотите или некое суво колаче (ако сте правеле нешто претходно како шарен куглоф или слично, па останало малку) натопете ги со малку рум и ставете еден слој во повисоки и почироки чаши.
Покријте ги слој од направената смеса, а потоа продолжите да редите еден слој пишкоти, еден слој смеса додека не ги наполните чашите.
Завршете со слој од смесата и украсете со малку несквик или какао и неколку ливчиња свежо нане. Оставете ги чашите да отстојат во фрижидер неколку часа пред да ги послужите.