
Состојки
550 гр брашно
230 мл вода (топла)
½ пакетче свеж квасец
1 лажичка шеќер
½ лажичка сол
120 гр путер
1 лажица оригано, рузмарин (или босилек)
1 лажица буковец
2-3 чешниња лук
2 лажици крупна сол
малку црн пипер
малку маслиново масло
Подготовка
Во сад ставете малку млака вода, додадете малку брашно, ½ лажица шеќер, издробете го квасецот и оставете го малку да нарасне.
Во меѓувреме растопете го путерот, додадете сол, оригано, сечкан лук, мајчина душичка и убаво измешајте.
Во друг поголем сад ставете го остатокот од водата, додадете брашното, квасецот, путерот и убаво мешајте додека не добиете хомогена маса. Оставете го тестото да нарасне убаво (барем дупло).
Нараснатото тесто уште малку замесете го и префрлете го во подлабок сад (тенџере). Со нож засечете го горниот дел од тестото во форма на крст. Налејте маслиново масло на дното на тенџерето и на самото тесто и попрскајте со крупна сол и буковец.
Печете на 230 степени во загреана рерна околу 30 минути со капак, па намалете на 200 степени, отстранете го капакот и печете уште 10-15 минути. Пред консумирање, оставете го тесто да се олади