Речиси е невозможно додека сте разгледувале на Инстаграм да не сте го забележале овој модел на капут.
Судејќи по бројот на хаштагови на темата на овој капут, тој е неспоредлив по популарноста во актуеланата сезона и во срцата на љубителите на модата.
Таканаречениот Teddy капут, модел кој- поради материјалот од кој е направен – потсетува на удобно ќебе е апсолутен хит за сезоната есен/зима 2017 година, а јасно е дека ќе му се восхитуваме и следната година.
Она што е најинтересно за ова парче е фактот што совршено се комбинира со различни стилови, а експеритте препорачуваат да се носи со миди фустани.