Кога дизајнерката Дајан фон Фурстенберг го креира фустанот на преклоп, создаде безвременско модно парче кое со својот крој им ласка на сите жени, без разлика на нивниот облик на тело. Веројатно секоја жена или девојка во гардероберот има ваков тип на фустан. Но, пролетните трендови налагаат нешто слично – кошула со преклоп, модел кој го нагласува деколтето, ја дефинира половината и го крие стомакот, и кој ја допира веќе препознатливата тенденција на впечатливи и волуменозни ракави. Овој тип на кошули може да бидат со едноставни, рамни ракави, но и со набрани и необично кроени ракави. Одлично се комбинираат со фармерки, шорцеви и здолништа, за полежерни пригоди, но и за во канцеларија. Новина сезонава се блузите на преклоп кои имаат балонести и спуштени рамена.