Како и модата, и трендовите за шминкање се менуваат со секое годипно време. За да бидете секси дива оваа есен, ви предлагаме да ги пратите трендовите и да ги примените следните совети:
Усно со боја на бургунди: Овој тренд оваа сезона го воведе Гучи на своите ревии. Карминот со боја на црно грозје е одличен избор за сечиј тен.
Изразени веѓи: Оваа сезона „ин“ се подебелите веѓи, затоа внимавајте кога ги средувате и обликувате вашите веѓи за да не ги истенчите премногу. Сепак природниот изглед не значи дека треба да бидете несредени ?
Златна сенка: Сенките за очи се еден од најважните аспекти на шминкањето. Оваа есен изберете знатна сенка, која може да ја нанесете дури и дење, иако во мали количини. Со нијансите на златно вашите очи ќе имаат неодолив сјај и топлина.
Силни бои: Иако најчесто силните бои се мода во летните денови, сепак оваа есен се дозволени кармини во црвена и портокалова боја.
Лак за нокти „месо боја“: Овој лак изгледа едноставно, но истовремено секси и софистицирано. Доколку имате долги нокти користете мат нијанса, а за кратки нокти користете „сјајна“ нијанса.