Третирање на рани во домашни услови со природни намирници

popara13 март, 20171min00
11

Во случај ако раната не е толку голема за да мора да се шие, ние ви нудиме неколку домашни алтернативи за да спречите инфекција на раната но и да придонесете побрзо да заздрави. Со овие домашни лекови можете слободно да ги третирате и раните на вашите деца. Се е природно, па не постои никаква опасност од нивната употреба.

Еве неколку алтернативни лекови за креми кои содржат антибиотик:

1. Лукот се користи стотици па дури и илјадници години за лекување на рани и повреди од посекотини. Содржи антимикробни агенси кои заштитуваат од инфекции. За употреба, се мешаат во блендер три чешниња лук со чаша вино. Смесата се остава во посебен сад да отстои 3 часа. Натопете стерилна газа или некоја крпа со смесата и ставете како облога на раната, двапати на ден.

2. Кромидот има ист антимикробен елемент, наречен алицин. Ставете една половина кромид во блендер. Ставете и малку мед, за подобри резултати. Смесата применете ја врз раната и оставете да делува околу 20 минути, а потоа исплакнете. Се употребува 2-3 пати на ден.

3. Етеричното масло од лаванда се применува директно на исеченицата. Маслото обично не предизвикува дополнителни болки, а помага во ублажувањето и забрзувањето на исцелувањето. Етеричното масло од лаванда ги убива бактериите.

4. Медот, исто така се користел со илјадници години за лекување рани и повреди од исеченици. Може да се нанесува неограничено на раната, зошто медот се бори против инфекциите а ензимите и хранливите материи кои ги содржи, ја хранат кожата и помагаат во нејзино обновување.

5. Белиот оцет разблажен со вода, исто така дезинфицира рани. Исто така, помага и за отстранување на красти, доколку се појавиле на раната. Ги уништува сите присутни бактерии.

6. Алое Вера Гелот може да се користи речиси за сите видови проблеми со кожата, вклучувајќи и дезинфекција и брзо исцелување. Ако имате алое вера растение, скршете лист, пресечете го надолжно па со влажниот дел покријте ја раната. Ова повторете го на секои 2-3 часа.

7. Растителното масло, исто така, може да се користи за да се заштити, лекува и да се дезинфицира раната. Екстра девственото маслиново масло е доста моќен во дезинфекцијата на раната, исто како што се и повеќето растителни масла, меѓу кои најистакнати: маслото од коноп и екстра девственото кокосово масло – најмоќните анти-габични агенти. Едноставно се прелива малку масло  и се применува на раната директно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag