
Марамите се одличен избор ова лето, и актуелни и практични за летните горештени. Ги видовме на ревиите на Марк Џејкобс и Долче Габана.
На прв поглед изгледа доста лесно да додадеме еден таков аксесоар кон фризурата, но има некои финеси кои е добро да ги знаете, за да изгледа фризурата професионално направена.
Затоа решивме денес со вас да го споделиме ова видео каде ќе можете да видите три различни начини на врзување марама.