Труење со храна: Излечете се со природни напитоци

popara2 ноември, 20171min00
2

Недоволната термичка обработка и неадекватното чување на намирниците помагаат при развојот на бактерии кои можат да предизвикаат труење со храна.

Симптомите на труње со храна се повраќање, пролив, ладна пот, болки во стомакот и омалаксаност, исто така, можат да се јават и грчеви, крвава столица, дехидратација и проблеми со нервниот систем.

Како да го спречите?

Во лето, кога температурите се многу високи, храната побрзо се расипува, а тоа собено се однесува на млекото, јајцата и производите кои ги содржат, па треба да водите сметка за нивното складирање, а при купувањето да ја проверите нивната свежина и рок на траење.

Што да преземете?

Во случај на труење со храна можат да ви помогнат природните напитоци кои го чистат организмот од токсини, ја надополнуваат изгубената течност и ги отстрануваат болките во стомакот.

– 1 лажица суво нане прелијте го со зовриена вода и оставете да отстои 15 минути за малку да се олади. Додадете сок од половина лимон и пијте ја оваа течност повеќе пати во денот, не додавајте шеќер.

– Во шоља со зовриена вода ставете 1 лажица ѓумбир во прав, промешајте и поклопете. После половина час течноста процедете ја низ медицинска газа и испијте го чајот.

– Сварете овесна каша во поголема количина вода, процедете ја од зрната и течноста пијте ја два пати дневно. Можете да и додадете свежо исцеден сок од лимон, грејпфрут или портокал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag