Состојки:
- 500 гр пилешко месо
- 1 кромид
- печурки
- морков
- компир
- пиперка
- тиквица
- модар домат
- домат
- црвен пипер
- масло за готвење
Начин на готвење
- Во тавче се пропржува сецканото на коцки пилешко месо (по желба може и свинско или телешко).
- Во подлабок сад со масло за готвење се пржи кромидот, па се додаваат печурките, морков сецкан на коцки, компир, па пиперка, тиквица, модар патлиџан и обичен црвен домат. Се зачинува со сол, бибер и буковец по желба.
- Потоа се додава и месото во длабокиот сад и се промешува.
- Во тавчето во кое го пржевме месото се додава 1-2 лажици црвен пипер и се промешува.
- Пржениот зеленчук со месото се претура во тава (земјена или керамичка која е потребно претходно да биде стоплена во рерна за да не испука), се залева со црвениот пипер и се става да се пече.
- Во текот на печењето се промешува 2-3 пати. Откако убаво ќе фати коричка и скоро ќе испари течноста се вади тавата од рерна.
- По желба може да се изренда и кашкавал додека е уште топло или пак да се нароси со пармезан
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma - loodgieter den haag