Уличната мода ги најавува трендовите за оваа есен

popara14 септември, 20172min00
6

Се ближи крајот на летото и почетокот на есенската сезона, а дамите кои ја обожаваат модата и ги следат трендовите со нетрпение чекаат да ги видат сите работи кои ќе бидат тренд во новата сезона. Модните куќи низ светот од неодамна започнаа да ги најавуваа трендовите за оваа есен и веќе можат да се забележат жени и девојки низ различни градови низ светот како гордо чекорат во нови парчиња облека кои ќе бидат вистински тренд.

Најдобар начин за да се дознае што се ќе биде тренд е преку модните ревии и уличната мода. Девојките кои посветуваат премногу големо внимание на модата веќе започнаа да се облекуваат според есенските трендови, а овие фотографии од нивните модни комбинации додека се шетаат низ улиците го докажуваат тоа. Може да се заклучи дека оваа есен црвената боја ќе биде вистински хит, па затоа навреме наполнете го плакарот со црвени парчиња облека и модни додатоци.

Исто така може да се забележи дека и белата боја ќе биде вистински тренд, како и розовата, маслинестата и металик сивите нијанси. Многу комбинации се направени и со неутрални нијанси, што значи дека оваа есен ќе доминираат впечатливите изгледи или пак понежни комбинации.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag