Чешкиот тим на психолози и филозофи спровел истражување во кое врз основа на ликот и цртите ја оценувале интелигенцијата. 160 испитувачи имале задача да ја оценат интелигенцијата на 40 студенти и 40 студентки.
Резултатите покажале дека машкиот коефициент на интелигенција зависи од обликот и ширината на ликот. Оние кои имаат тесно и издолжено лице, тенка брада и подолг нос се поинтелигентни од оние кои имаат широко лице, масивна брада и малечок нос.
Што се однесува до жените, важат истите правила, со тоа што кај нив влијае и среќниот израз на лицето. Насмеаните лица се оценуваат како поинтелигентни, отколку женските лути и тажни ликови.