Повеќето жени имаат проблем со слабеење на бутовите, а особено со салото од внатрешниот дел. Потребно е многу да се внимава на исхраната, начинот на седење и напорно да се вежба. Но, сепак постои побрз и полесен начин за да ги затегнете вашите бутови.
Сè што треба е да верувате во себе, да бидете упорни и да ги правите овие две вежби секој ден! За само неколку недели ќе забележите позитивни промени. Без разлика дали ќе ги правите наутро или попладне, овие вежби мора да ги правите секој ден. Уште една позитивна работа е тоа што не одзимаат многу време, а за брзо време ќе забележите резултати.
Прва вежба
Првата вежба треба да ја направите во три серии по 30 повторувања. Раширете ги нозете во ширина на колковите и потоа едната нога почнете да ја кревате нагоре во ниво на колкот. Прстите треба да ви бидат исправени и затегнати. Ова вежба правете ја полека, а спуштањето на ногата треба да биде уште поспоро. Потоа повторете со другата нога.
Втора вежба
Оваа вежба додатно ќе ги зајакне и затегне сите мускули на задниот дел. Исправете ги прстите и полека, во дијагонала, едната нога фрлајте ја наназад, а потоа другата. Предната нога цело време треба да биде исправена, да не ја виткате во коленото. Направете пет серии по 25 повторувања.