Жените кои носат високи потпетици постојано се изложени на ризик да заболат или да им се развие артритис, велат експертите.
Британската асоцијација на ортопеди посочила дека четвртина од жените носат високи потпетици секој ден или прилично често, може да доведе до здравствени проблеми.
Високите потпетици негативно влијаат на телото, ставајќи голем притисок на колената, нозете и зглобовите, а сето тоа може да предизвика проблеми или остеоартрит, велат експертите.
Околу осум милиони луѓе во Велика Британија веќе патат од артритис, а 60% од луѓето се жени.
“Изборот на соодветни чевли може да ви помогне да го редуцирате стресот и болките во нозете, зглобовите“, изјавил експертот Ентони Редмонд. За секојдневни активности се препорачува потпетиците да не бидат повисоки од 3 сантиметри.