Потребни состојки:
2 големи јаболка
100 гр. брашно
100 мл. сок од јаболка
100 гр. овесни снегулки
200 гр. сецкани лешници
200 гр. сецкани урми
½ лажичка сол
½ лажичка цимет
Припрема:
Ставете ги ренданите јаболка, овесните снегулки, брашното, сокот од јаболка, урмите и лешниците го голем сад, па додадете ја солта, циметот и шеќерот и промешајте.
Смесата оставете ја да отстои 15тина минути, за овесните снегулки и брашното да го абсорбираат сокот од јааболка. Потоа од смесата формирајте квадрати со должина од 4 сантиметри и дебелина од 1 сантиметар.
Загрејте ја рерната на 180 степени целсиусови. Тавата за печење намрсете ја со маргарин и наредете ги колачите. Печете 30тина минути. Добар апетит!