Потребни состојки:
- 500 гр шампињони
- 300 гр спанаќ
- 1 чешне лук
- 2 црвени пиперки
- 1 морков
- 200 мл павлака за готвење
- Сол, масло
Подготовка:
Во масло динстајте го сецканиот лук, додадете го морковот и сецканата пиперка. Исплакнете и исецкајте го спанаќот и додадете го да се пропржи со останатите состојки, посолете и додадете ја павлаката за готвење. Динстајте 3 минути и тргнете го садот. Измијте ги и отсранете ја кората и дршката од печурките и наполнете ги со смесата. Поставете ги во тава и печете ги во рерна околу 20 минути на 200 степени.