Внимавајте на кого се доверувате! Рибите ќе заборават дека сте им откриле тајна, Вагите ненамерно ќе ја раскажат на најблиските, а Скорпиите со намера ќе ве издадат…

popara11 мај, 20171min00
1

Овен

Ако на Овенот сте му довериле тајна, внимавајте да не ги изнервирате, затоа што во моментот има големи шанси импулсивно да ја раскажe вашата приказна. Тоа нема да го направи со намера да ве издаде, туку затоа што е склон најпрво кон дејствување, па потоа размислување.

Бик

Стабилни се и упорни, но на Биковите доверувајте им се само ако знаете дека се сложуваат со тоа што сте им го откриле. Во сите останати случаи, тајните задржете ги за себе. Има голема шанса за возврат да добиете лекција за тоа како си го комплицирате животот. Најдобро е да започнете со „што мислиш за…” па, потоа тајна!

Близнаци

Овој знак е брбливец без престан, па затоа никогаш не му се доверувајте. Дури и да нема потреба да ја раскаже вашата тајна, ќе му излета сосема случајно, додека го пие кафето со локалното инфо-биро, односно со личноста која сака да разгласува приказни.

Рак

Доверлив и лојален, Ракот секогаш е добар избор за чување на тајни. Ќе ви понуди рамо за плачење, утеха, прегратка, чај… само за да ви помогне. Раковите се можеби најсигурните луѓе на кои можете да им ја откриете вашата најтемна тајна, па вреди да имате барем еден пријател во овој знак.

Лав

Тајните кои Лавот може да го доведат до пофалби или да му помогнат да се докаже, подобро зачувајте ги за себе. Ако се работи за неговиот конкурент или личност која му е антипатична, постои голема веројатност без размислување да ја открие тајната.

Девица

Дискретната Девица ќе ги чува доверливите информации за себе, до моментот додека сте блиски. Потоа, ако случајно се оддалечите, ќе започнат да се шират информациите. Што значи, ако не планирате да се предадете потполно на некоја Девица, не ја откривајте вашата темна страна.

Вага

Тие се прекрасни пријатели, но доколку ги изневерите, бидете претпазливи! Зад нивниот шарм се крие доза на лицемерие, имајте го тоа на ум. Тие сакаат да ги издаваат тајните кои ги имаат другите, но на крајот ќе ве убедуваат дека тоа е со добра намера и однапред замислена цел.

Скорпија

Тајна која чекори е второто име на Скорпиите. Тие најдобро ги разбираат тајните затоа што и самите ги имаат во огромни количини. А, кога нешто јавно ќе се издаде или дознае, свесни се дека ја губи вредноста. Затоа, слободно доверувајте им ги тајните или плановите кои ги имате, тие безрезервно ќе ви го чуваат грбот!

Стрелец

Да не се родени зборлести, Стрелците би биле сјајни пријатели. Посебно ако тајните им се откријат покрај чашка алкохол, на приказната нема да и се гледа крајот. Често пати се претрупани со информации, па не се свесни каде треба да молчат, а каде да зборуваат. Постои голема шанса од невнимание да ја издадат вашата најтемна страна која не сакате никој да ја дознае.

Јарец

Можеби ќе звучи грубо, но Јарците не сакаат да им се доверуваат, па затоа ја користат секоја шанса да го откријат она што го знаат. Покрај тоа, сакаат кога имаат корист од чувањето на тајни, затоа што во замена за нивната дискреција ќе треба да понудите многу.

Водолија

Ако сакате Водолијата да ви ја сочува тајната, ќе мора да и откриете нешто сензационално и крајно ексцентрично. Во спротивно, тоа за неа ќе биде сосема обична, глупава информација која може да ја издаде во било кој момент, случајно.

Риби

Со Рибите тајната ви е сигурна. Постои голема шанса дури и да го заборават она што сте им го кажале, но ако ја запаметат, ќе ја чуваат до крај. Тие се таинствени личности кои разбираат што значи да имаш нешто скриено од другите. Но, никогаш не им доверувајте нешто што се коси со нивните емоции. Последиците може да бидат фатални, без намера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag