Кралското семејство денес соопшти дека Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам се пресреќни што можат да споделат дека го очекуваат своето трето дете.
Како и за време на претходните бремености, така и овој пат, војвотката има тешки утрински мачнини, поради кои ќе откаже голем дел од јавните појавувања кои што се закажани за следниот период.
Гласините за наводната бременост на Милдтон започнаа уште во јули, кога за време на посетата на Полска како подарок и беше дадена плишана играчка.
-Изгледа ќе треба да имаме повеќе деца, низ смеа рече таа. Очигледно дека во секоја шега и по некоја вистина.