Знаците на стареење прво се забележуваат околу очите, а потоа на вратот и на деколтето. Длабоки брчки, опуштена и збрчкана кожа, особено под брадата, може да се коригираат со пластична хирургија. Сепак експертите не препорачуваат ласерски третмани, хемиски пилинг и микродермоабразија во чувствителните делови (врат и деколте).
Кога се изведува ласерски третман на лице, потните жлезди и фоликулите на влакното можат да овозможат обновување на кожата. Но во вратот и на деколтето има помалку потни жлезди и фоликули на влакна, што може да предизвика појава на лузни наместо поттикнување на регенеративниот процес. Кога станува збор за цврсти гради што ѝ пркосат на гравитацијата, тогаш помали се дефинитивно подобри. Малите гради ќе останат цврсти и кренати и кога жената ќе наполни 70 години, додека големите гради неизбежно ќе почнат да се отпуштаат уште во дваесеттите години од животот. Жената што ќе одлучи во дваесеттите години да ги зголеми градите рано ќе ја плати цената на природата, бидејќи тежината на инплантите со тек на време ќе ја истегне кожата, па градите ќе се отпуштат. Нежните серуми против стареење можат да ја зацврстат кожата на вратот и на деколтето. Сепак кремот за лице може да биде премногу агресивен и тежок за вратот, со што само ќе се засили дејството на гравитацијата. Затоа е подобро да користите кремови и серуми наменети за нега на специфичните делови на телото.