Плажата St. Maarten се наоѓа на самиот крај на главната писта на интернационалниот аеродром кој се наоѓа на карипскиот остров Сент Мартин.
Она што е уште полудо е фактот што при полетувањето на авионите, луѓето се приближуваат до самата ограда која ја дели плажата од аеродромот, како би го снимиле полетувањето на авионот, не размислувајќи за проблемите кои може да се случат.
Токму такво нешто доживеала една девојка која авионот со своите моќни турбини буквално ја фрлил на бетонскиот ѕид. За среќа, девојката поминала без посериозни повреди.