Доколку се прашувате дали е добро да јадете путер од кикирики без да се грижите за штетните последици, не морате да се грижите повеќе, бидејќи тој е повеќе отколку добар.
Постои храна што треба да ја јадеме, а за која сме уверени дека тоа не треба да го чиниме, бидејќи мислиме дека може да ни штети. Една од тие намирници е путерот од кикирики, кој е многу добар за нас и е полн со витамини. Еве, зошто е тој уште добар:
Добар е за срце
Путерот од кикирики го продолжува здравјето на срцето. Како и маслиновото масло, иако има доста заситени масни киселини, има и голем процент на незаситени масти што се добри за срцето и неговата работа, нормално ако се јаде во нормални количини.
Полн е со добри нутриенти
Путерот од кикирики содржи: протеини, влакна, здрави масти, калиум, антиоксиданси, магнезиум и уште некои други хранливи состојки. Листата со добри работи може да се продолжува во недоглед. Една порција путер содржи 3мг на витамин Е. Освен тоа има и околу 49мг магнезиум- што е одлично за градење на мускули и јакнење на коските, како и витамин Б6 (околу 1,7мг). Исто така, во него може да се пронајде и цинк што ни го зајакнува организмот и имунитетот.
Путерот од кикирики е извор на протеини
Две лажици путер од кикирики се доволни, ако сакате да останете здрави и да го јадете умерено. Овие две лажици имаат околу 7г протеини. Затоа овој путер со леб е добар избор за појадок или ужина. Бидејќи е храна богата со протеини, додека го јадете, ќе се чувствувате сити. Ако вежбате, оваа намирница ќе ви дојде одлично, бидејќи протеините учествуваат во изградба на мускулите, а путерот од кикирики го има доста.