Зошто е подобро да си во врска?!

popara5 јуни, 20171min00
9

После серија од неколку катасрофални врски во кои сте… биле изневерувани, сте имале катастрофален секс или ви било скршено срцето, ви се чини дека е најдобро да бидете сами до крајот на животот.

Можеби сте во право, но има некои работи што велат дека грешите, а не се однесуваат само на љубовта и сексот.

1. Ќе живеете подолго

Научните истражувања потврдија дека луѓето во брак во просек живеат подолго, помалку се подложни на стрес и имаат намален ризик од заболувања. Изгледаат посвежо и се посреќни.

2. Сите мислат дека сте нормални

Тоа не значи дека сте, ниту значи дека доколку сте сами не сте нормални.

Тоа само значи дека луѓето полесно ве прифаќаат, кога знаат дека имате некој.

Можеби причината се глупавите друштвени правила, а можеби тоа што сте во врска значи дека другите согледуваат дека можете да прифатите обврски и да ви се верува.

3. Стареењето не е така болно

Кога со некого истовремено поминувате низ истите фази, проблеми, стравови во животот, секогаш е два пати полесно.

4. Секогаш имате друштво

Кога сте сами не излегувате многу во кино, ниту во театар. Не сте биле на викенд одамна. Кога имате некој, не ви треба причина да одите некаде, само тргнувате.

5. Излегувањето е позабавно

Дури и кога излегувате сами, односно без вашиот партнер, го нема притисокот дека морате некого да привлечете, туку само се забавувате со пријателите. Дури можете и да запознаете некои нови луѓе и да одите на нови места, кои инаку би ги испуштиле бидејќи сте во постојана потрага по секс.

6. Заработувате повеќе

Знаете дека не се грижите само за себе, бидејќи знаете дека заедничкиот живот, активностите и подароците чинат многу. А и во вашата глава се активира нешто што ви кажува дека парите значат сигурност.

7. Работите помалку

Иако заработувате повеќе, работите помалку. Додека сте сами, никаде не се брзате и можете целиот ден да го поминете пред компјутер читајќи глупави работи, па вашите шефови ќе го искористат вашиот лабав приватен живот и ќе ви дадат повеќе работа.

8. Имате некој кој ќе ви направи ручек

Поделбата на обврските е прекрасна работа, без разлика дали живеете со партнер или со уште десет други луѓе. Додека едниот прави ручек, другиот може да го фрли ѓубрето, или да заврши некоја друга домашна работа.

9. Имате од кого да слушнете добро мислење

Комплименти или совети, секако се добродојдени од некој кој ве познава добро и нема да ви дозволи да направите глупост.

10. Можете да бидете сами кога ќе посакате

Може да си најдете свое катче, некоја своја активност и да поминете неколку часа сами во мир. Овие работи им се посебно важни на мажите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag