Зошто „лошите“ девојки имаат повеќе среќа во љубовта?

popara27 јуни, 20171min00
10

Дали си се запрашала некогаш зошто онаа девојка што секоја ноќ е по клубовите, пие еднакво како и мажите и живее како за последно, на крај испаѓа дека е посреќна од тебе – моралната и примерна девојка? И знаеш ли дека токму таа, која не престанува да се забавува, лета од врска на врска и не се интересира за туѓото мислење, на крај ќе си најде супер дечко кој ќе ја сака повеќе од се?

И тука треба да дополнам дека не станува збор за празноглава убавица што го смета своето тело како инструмент за финансиска придобивка. Зборувам за оние отворени дами, кои го сакаат животот, живеат под полна пареа и имаат доволно мозок во главата за да не се продаваат како евтина стока на богати чичковци!

Точно тие „лоши“ девојки се најсреќни во љубовта! Зошто е така? Причините се многу. Тие комуницираат со доволно мажи во својот живот за да ја стекнат способноста да препознаваат кој треба да има достап во нивниот живот. Освен тоа сосема не е потребно да спијат со секој еден од нив.

За лошите девојки е вашна забавата и уживањето во животот, независноста, тие ретко дозволуваат некој да им се качи на глава или да им наметнува мислење. Умеат одлично да манипулираат, ја ценат својата слобода и независност и грабаат од животот со полни шепи. И така се додека не го сретнат најсоодветниот човек со кој да создадат среќно семејство. Секако важна улога игра и фактот дека си проживеале добро. Така полесно можат да се препуштат на смирено и одговорно секојдневие, без да сожалуваат дека пропуштиле нешто.

Додека пак кај повлечените девојки работите се одвиваат по спротивен начин. Тие ретко превземаат било каква иницијатива, чекаат работите да им се случат сами од себе, чекаат принцот сам да ги најде. Обично се страшно наивни, затоа и редовно претрпуваат разочарување во љубовта. Не се опуштаат лесно, досадни се и прават се „како што треба“. Во сексот исто така се повоздржани, што пак е голем минус во очите на мажите.

Затоа девојки опуштете се! Тоа што сте супер морални, не ве прави добар избор во очите на мажите. А најмногу од се, треба да внимавате – додека си ги трошите деновите повлечено и смирено, животот си тече, а вие сте се така осамени. Од мене да знаете една вистина: Подобро да згрешиш, отколку никогаш да не пробаш!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag