Колку и практично да гледаат на светот современите жени, длабоко во себе си повеќето од нив не престануваат да мечтаат за вистинската љубов. Принцези од модерен вид кои ги пречекуваат тешкотиите на битието, но не без надеж скриено копнеат за прицот на бел коњ и оној убав крај „и заживеале среќно до крајот на животот…“
И зошто сценариото не се одвива по зададениот план? Пропусти колку да сакаш. Еден елемент испакнува над останатите и дава добро објаснување. Сексот ги диктира правилата. Извинете, не сексот туку сексапилот. Тоа е онаа компонента што прави да ја забележиш во толпата лица, барем на биолошко ниво.
Денес сите жени се стремат да изгледаат секси – елегантна и секси…небрежна но задолжително секси…невина и сепак секси…агресивна и многу секси…убава, но подобро секси. Магијата што ги лови машките погледи е привлечноста. Жените го знаат тоа и го прават своја манија.
Предизвикувачка облека, дрска шминка, гестови, флерт со зборови…целото поведение на жената е подчинето на фразата „Види што можеш да имаш!“. и бидејќи реално сексапилот се проповеда од секаде, тој реално и работи. Привлекува внимание, продава, води до резултати. Но дали не задоволуваат?
Сосема не, кога си зборуваме за љубов. Зошто сексапилот сепак си сочи кон секс, а како што добро знаеме, оргазмот е краток. Или поинаку кажано – физичката желба нема ништо заедничко со долготрајните и длабоки чувства, тоа е силно, но кратко. И толку.
Тоа е одговорот на многу женски прашања: „Зошто не ме сака?“ – зошто те перцепира само како сексуален објект. „Зошто не сака врска?“ – зошто изгледаш како девојка за брза конзумација. „Зошто сака само секс?“ – зошто се на тебе зборува дека и ти го сакаш истото.
Сосема на место некои ќе кажат дека скромниот изглед одамна не е во мода и во голем процент ќе бидат во право. Зошто и мажите се виновни, навикнати на убава опаковка, што лесно и брзо ја отвараш. Но мажите, на крајот од краиштата лесно се адаптираат кон ново-настанатата ситуација. Правилата на игра остануваат во женските раце. Така да дами, нека сексапилот не биде вашиот единствен адут…за да нема разочарани.