Понекогаш е добро да останете со кратки ракави, особено кога станува збор за стил.
Едноставната маица е фантастично модно парче на светските трендсетерки кое го носат во сите можни пригоди, зошто да не го освежите вашиот гардеробер со неколку нови памучни убавици?
Фармерки и маички со децении се најдобрите модни пријатели, и тие се познати уште од 70-тите, кога станаа омилена тинејџерска униформа.
Од вечните комбинации на панталони и маиците со кратки ракави жените не можат да се заситат, а многу истражувања покажаа дека токму тој женски аутфит мажите го сметаат за најатрактивен.
Во тренд е баш сè, од винтиџ цртежи до кроеви во стилот на седумдесетите, феминистички натписи и сцени од култните филмови кои можат да послужат како инспирација за севкупната облека.
Со едноставна маица со кратки ракави, секоја облека за момент станува забавна и малку бунтовна, а благодарение на лудите натписи, полесно е да ги изразиме своите ставови и да откриете што не се осмелуваме да кажеме…
Бутиците со брендови на високата мода се полни со маици со незаборавни натписи и ретро мотиви, а ние избравме 13 модели кои ќе ве претворат во модна икона.