15 фустани од доделувањето на Еми наградите за кои денес зборува целиот свет

popara18 септември, 20182min00
ф8

Пенелопе Круз се одлучила за Шанел фустан со пердуви кој ги подели мислењата, Попи Делевин воодушевила со минт тоалета со карнери на грбот, а инаку фалената Криси Тејген, овој пат не се прославила …

Синоќа во салата “Microsoft Theater” во Лос Анџелес се одржа 70-та церемонија за доделувањето на Еми наградите, најважната вечер во годината на сите актери и режисери поврзани со телевизиската индустрија.

На црвениот тeпих се појавија бројни познати личности како Скарлет Јохансон, Кирстен Данст и Пенелопе Круз, но додека дамите од гардите на веќе познатите актерки играле на сигурно, избирајќи воглавно фустани во неутрални бои, младите лица како Попи Делевин, Дакота Фенинг и Џои Кинг се одвоија со впечатливи бои и – брилијантирале.

Вечните гостинки на црвениот тепих, Хајди Клум и Криси Тејген, и овој пат беа забележани, но додека познатата манекенка изгледаше одлично во облеката на Зак Посен во боја на праска, инаку фалената Криси Тејген не се прослави со фустанот на Зухаир Мурад.

Џесика Биел и сопругот Џастин Тимберлејк беа најубав пар на вечерта, таа во извонредна тоалета од брендот Ralph&Russo, тој во елегантно одело на Том Форд.

Ви ги прикажуваме најинтересните фустани на вечерта!

Џесика Биел во фустан Ралф и Русо и сопругот Џастин Тимберлејк во одело на Том Форд

Кирстен Данст во темно син фустан со потпис на куќата Schiaparelli

 

Скарлет Јохансон во светкав бел фустан

 

Танди Њутон во розе фустан потпичан од Brandon Maxwell

 

Пенелопе Круз во фустан со пердуви на куќата Chanel

Сара Полсон во црн фустан Oscar de la Renta

Хајди Клум во фустан со потпис Zac Posen

 

Криси Тејген во фустан со потпис Zuhair Murad и сопругот Џон Леџенд во син смокинг

 

Попи Делевин во фустан со потпис Giambattista Valli

Клајр Фојл во фустан со потпис Calvin Klein

 

Младата актерка Анџела Сарафјан во фустанот на дизајнерката Christiana Siriana

Кајли Картер во жолт фустан со потпис Sachin & Babi

 

Дакота Фенинг во зелен фустан на куќата Dior

 

Мајли Боби Браун во нежно розе фустан на Calvina Kleina

Џои Кинг во фустан со потпис Zac Posen

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag