Покрај многубројните дилеми и одлуки за разубавување, одбирањето на маскарата е една од главните кои редовно ја има секоја жена.
Колку пати и да купите „совршена маскара“ која ги витка, издолжува и згуснува трепките со само еден потег, сепак не сте задоволни од резултатот.
Што ако ви кажеме дека ниту една маскара на светот не е доволно добра, ако не ги знаете и практикувате овие 20 трикови.
Тајната е во нив, а не во четкичката:
1. Подвиткајте ја четката под агол од 90 степени за полесно да поминете низ трепките.
2. Избришете го вишокот маскара од четката пред да ја нанесете за да ги избегнете грутките.
3. Дополнително извиткајте и згуснете ги трепките така што на коренот ќе направите хоризонтални движења на лево и десно, па потоа ќе повлечете нагоре.
4. Слоевито нанесувајте ја маскарата – прво обична, па потоа водоотпорна. Така полесно ќе ја отстраните на крајот од денот.
5. Поминете ги трепките со маскара и од горната страна ако сакате подобар ефект.
6. За горните трепки четката држете ја хоризонтално, а за долните вертикално ако сакате поприроден изглед.
7. Потопете ја густата маскара во топла вода, но претходно задолжително треба да е цврсто затворена. На овој начин ќе ја направите потечна и полесна за нанесување.
8. Користете лажичка за да се заштитите од црни дамки додека донесувате маскара на долните трепки.
9. Користете ја маскарата и како течен туш за подолготраен ефект.
10. Со четкичка нанесете бебешка пудра на трепките помеѓу првиот и вториот слој маскара.
11. Капнете неколку капки физиолошки раствор во маскарата за да и ја вратите течната формула.
12. Раздвојте ги залепените трепки со чиста четка за заби.
13. Направете ги веѓите подебели и погусти со маскара во кафеава боја.
14. Додека ги виткате трепките истовремено нанесувајте и маскара за подолготраен ефект.
15. Загрејте го виткачот на трепки за полесно виткање.
16. Ротирајте го аголот за интензивно извиткани трепки.
17. Ако веќе се одлучите да ставите вештачки трепки, направете го тоа така што ќе се потпрете со лактите на маса, измеѓу нив ќе ставите огледало и ќе се погледнете колку што можете поисправено, како на фотографијата подолу.
18. Пред да ги нанесете вештачките трепки, ставете ги да постојат залепени на четката за руменило. Така ќе добиете природно извиткување според линијата на окото.
19. За да не ви се разлее течниот лепак за трепки, прво нанесете го на стапче за уши, па потоа нежно нанесете го.
20. Исечете ги вештачките трепки на 3-4 дела и распределете ги на местата каде трепките ви се најретки.