Сезоната пред нас ветува малку напор и совршено стилизирана коса!
Не сте сигурни како да ја стилизирате косата сега кога солена морска вода и сончеви денови се речиси зад нас?
Не очајувајте, ние истраживме пет есенски трендови кога станува збор за стил на коса и верувајте ќе ви се допаднат на прв поглед, пишува Космополитан.Есен е како што сме навикнати идеално време за промени во обликот и должината на косата.Без разлика дали тоа се шишки и драматичен рез, или само сакате поинаков и подобар изглед на косата без посета на фризерски салон, не грижете се, мислевме на се.
За инспирација, да прејдеме директно на фотографиите и какви фризури ќе носиме во наредниот период.
Релаксирани бранови
За разлика од типичните “beachy” бранови во вашата коса, во овој случај, трикот е посебно да се свитка секој прамен и да се оттргне од лицето со цел да се добие целосна структура и задолжително исчешлајте и разбушавете ги брановите за воедно да добиете опуштена и стилска коса.
Измазнета коса
Повторно во мода, и тоа особено во првите есенски денови. Се разбира дека можете сами да го направите овој изглед! Со малку гел за коса, чешел и лак, направете фризура за некои од вашите гламурозни настани.
Паж фризура
Ако сте подготвени за големиот чекор и сакате изглед што говори самиот по себе, боб фризурата ќе ви биде најпаметната опција и оваа есен. Погледнете како тоа го прави Ким: модерно и кул. Дали воопшто ни треба нешто повеќе од тоа?
Диви локни
Секогаш, но секогаш во мода ќе биде природно кадравата коса, дива и нескротлива! Ако сакате да бидете шик оваа есен, ќе ја стилизирате исто како Сиера!
Танк шишки
Овие лесни, неоптеретувачки шишки ќе бидат првиот чекор во менувањето на вашиот изглед. Клучот е во опуштеноста, никој не е фан на проверка дали секое влакно е на свое место на редовна основа.